Куман го објави списокот на играчи за ЕП 2024

17.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куман го објави списокот на играчи за ЕП 2024

Селекторот на Холандија, Роналд Куман го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на претстојното ЕП 2024 во Германија. Куман на списокот запиша 30 фудбалери, што значи дека пред почетокот на турнирот ќе мора да пречкрта четворица.
На списокот го нема напаѓачот на Болоња, Џошуа Зирке кој оваа сезона игра маестрално во Серија А и веќе го привлече вниманието на неколку големи клубови. Моментално е повреден, а Куман не сакаше да чека вести за тоа дали ќе заздрави на време за ЕП па не го стави на списокот. На истиот ги нема уште Матс Вифер и Јуриен Тимбер.
На списокот се и повредените Мартен де Рон и Френки де Јонг.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата