Кристијано Роналдо оди во пензија, ама во…

26.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кристијано Роналдо оди во пензија, ама во…
фото: Al Nassr (X)

Иако на 5 февруари ќе полни 41 година, Кристијано Роналдо смета дека сеуште е рано за играчка пензија. Тој има, барем засега, две цели а тоа е да дојде до бројката од 1000 голови на официјални мечеви во својата кариера и секако да има добар настап на претстојниот Мундијал, по можност со неговата Португалија да дојде и до титулата.

Сепак со оглед на возраста, се почести се и најавите, но и прашањата за тоа која мега -ѕвездата не светскиот фудбал играчки ќе се пензионира.

Последните информации велат дека тоа ќе се случи во 2027 година кога и ќе му заврши договорот со Ал-Наср. Од друга страна тоа не значи дека Роналдо ќе си замине од клубот од Саудиска Арабија, посебно не ако се знае дека тој има 15 насто од сопственичкиот удел во овој клуб, желбата му е оваа бројка да биде уште поголема.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата