Кристијано Роналдо е сè поблиску до историја!

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кристијано Роналдо е сè поблиску до историја!
ФОТО:facebook.com/alnassrfc/

Кристијано Роналдо продолжува да ја испишува својата фудбалска историја. Португалската ѕвезда се врати во Ал Наср по репрезентативните обврски, а вечерва повторно се запиша меѓу стрелците и направи нов чекор кон остварување на својот голем сон – да стигне до 1.000 погодоци во кариерата.

Роналдо погоди на дуелот против Дирија, во рамките на осмото коло од саудиската Про-лига, со што бројката на неговите голови во кариерата се искачи на 980.

Акцијата за погодокот ја започна неговиот соиграч Кингсли Коман, кој шутираше од работ на шеснаесетникот. Голманот на Дирија не успеа најдобро да интервенира, топката се одби до Роналдо, а Португалецот ја искористи можноста и ја затресе мрежата.

До магичната граница од 1.000 голови му недостигаат уште 20 погодоци, па секој негов следен настап ќе биде во фокусот на љубителите на фудбалот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата