Кралот на фудбалот поздравен од фановите: Солзите на Меси…(ВИДЕО)

19.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралот на фудбалот поздравен од фановите: Солзите на Меси…(ВИДЕО)
ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/

Лионел Меси не успеа да остане на светскиот трон со Аргентина, во финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада беа поразени со 1:0, а по натпреварот беше видена емотивна сцена. Откако го стави сребрениот медал околу вратот, Меси беше совладан од емоции. Легендарниот Аргентинец се огледа наоколу со солзи во очите, а камерите го забележаа овој момент.
Натпреварот против Шпанија треба да биде последен во националниот тим за 39-годишниот напаѓач, а тој го заврши турнирот со осум гола и четири асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата