Вечерниот понеделнички премиер лига термин овојпат беше резервиран за дуелот помеќу Ковентри и Њукасл, во кој што домаќинот го „потопи“ во вистинска смисла гостинот и го победи со конечни 4:1.
Нешто што требаше да биде битка до последниот момент, се претвори во домашна рапсодија во која што звезди на вечерта е младите Шериф и Мфуни. И обајцата се тинејџери и обајцата се запишаа во листата на стрелците.
Се започна од реализираниот пенал на Рудони уште во шестата минута од мечот. Шериф во вториот дел зголеми на 2:0, а трошка надеж за гостите донесе голот на Бутман во 70. минута.
Сепак, тоа беше се од Њукасл вечерва, наспроти расположениот Ковентри. Симс во 81. минута повторно носи двојно домашно водство, а Мфуни ја запечати победата со голот во 86. минута.

