Конте: Не можевме да посакаме подобар подарок за Божиќ

23.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте: Не можевме да посакаме подобар подарок за Божиќ
Фото: Наполи Х

Тренерот на Наполи и на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, Антонио Конте, беше многу среќен по победата од 2-0 над Болоња во финалето на италијанскиот Суперкуп.

„Им честитам на играчите за беспрекорниот турнир. Сакавме да си го подариме овој трофеј себеси и на нашите навивачи како подарок и да им посакаме среќен Божиќ. Убаво е да се прослави овој празник со трофеј. Го освоивме Скудетото, а сега и Суперкупот против многу силни противници“, рече Конте и доаде: 

„Да не заборавиме дека пред две години Наполи го загуби финалето на Суперкупот од Интер. Сите знаеме дека во фудбалот е важна само победата. Никој не ја гледа листата на трофеи за да види дали сте стигнале до финале, а ова е од некој што изгубил многу како играч. Јас сум освојувач на сребрен медал на Светското и Европското првенство, изгубив многу финалиња. Боли затоа што знаеш дека си поминал долг пат, но го пропушташ шлагот на тортата“, додаде тој.

Предводникот на Наполи потенцира дека главната цел е да продлжат во Лигата на шампиони.

„Минатата година го освоивме првенството со многу ограничен состав. Оваа година имаме многу нови играчи, но сè уште не сме подготвени да бидеме лидери. Нашата цел е да се квалификуваме за Лигата на шампионите и знаеме дека ќе биде многу тешко. Знаеме дека со напорна работа можеме да постигнеме многу“, нагласи Конте.

„Мислам дека нашата работа е да го прошириме знаењето на играчите. Активно работам на овој аспект и верувам дека секој играч со кој сум работел се подобрил технички и психолошки“, заклучи тренерот на Наполи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата