Конечно: Канте и официјално во Фенербахче!

4.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конечно: Канте и официјално во Фенербахче!
ФОТО:facebook.com/Fenerbahce/

Конечно. Н`Голо Канте потпиша договор со Фенербахче до 2028 година, а во Турција пристигна од саудискиот Ал Итихад. Сагата околу трансферот траеше неколку дена. Во еден момент се чинеше дека договорот е сигурен, но малку недостигаше да пропадне.Фенербахче го обвини Ал Итихад дека ја попречува реализацијата на трансферот.
Според медиумите, во еден момент Канте дури и штрајкуваше бидејќи клубот не му дозволи да оди во Турција.
Сепак, на крајот, сè заврши во интерес на играчот.
„Некои работи бараат време, но не остануваат недовршени. Н’Голо Канте, добредојде во Фенербахче“, порачаа од турскиот клуб. Канте ги доживеа најдобрите моменти од својата кариера во Лестер и Челзи. Со двата клуба ја освои титулата шампион на Англија, додека со Челзи беше и победник на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата