Компани извесен период нема да го води Баерн Минхен

28.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Компани извесен период нема да го води Баерн Минхен
ФОТО: FC Bayern München/FB

Германските медиуми попладнево пренесуваат свежи информации околу состојбата на тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани кој што пред неколку дена колабираше на еден од тренинзите на тимот.

Итно беше пренесен во болница, и неговата здравствена состојба е стабилизирана. Тој се чувствува добро, и е во одлично расположение, според медиумите.
Сепак, се додава дека ќе помине извесен период за да тој се врати на клупата и на своето работно место.

„Тој е добро расположен, се чини дека секој ден му е сè подобро. Тоа е многу позитивно. Многу е смирен. Знае дека го има потребното време за закрепнување“, открива помошниот тренер на Баерн, Арон Данкс, кој го посетил во болница


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата