Компани: Елиминацијата боли, но тимот покажа карактер!

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Компани: Елиминацијата боли, но тимот покажа карактер!

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани не го криеше разочарувањето откако неговиот тим беше елиминиран од Баер Леверкузен (0:1) во 1/8-финалето на Купот на Германија. Тој призна дека црвениот картон на Мануел Нојер во 17. минута одиграл улога во поразот, но го пофали својот тим за карактерот што го покажале во ситуацијата.

„Секако дека боли што бевме елиминирани. Црвениот картон влијаеше на развојот на играта, но момците добро реагираа и покажаа карактер. Имам играно многу такви натпревари и знам колку е тешко. Создадовме шанси дури и со десет играчи, но за жал не ги постигнавме нашите навивачи многу ни помогнаа и беа како дополнителен играч за нас. 

Понекогаш фудбалот е таков. Ние тренерите сакаме се да планираме и контролираме, но такви работи се случуваат. Во моментов во мене се борат две чувства. Првото е тага што загубивме и нема да го освоиме пехарот оваа сезона. Второ е што прикажавме специјален настап со 10 играчи на теренот, не чекавме и се надевавме, бевме многу позитивни, ако продолжиме вака, ќе победиме многу натпревари, но не можеме да го подигнеме пехарот“, изјави предводеникот на Баварците. 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата