Комо го „шокираше“ Јувентус среде Торино

21.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комо го „шокираше“ Јувентус среде Торино

Тимот на Комо приреди мини сензација на стартот на денешната Серија А програма затоа што предмалку со конечни 0:2 го совлада тимот на Јувентус среде Торино на негов терен.

Лошиот момент за домашните беше најавен уште во единаесеттата минута кога Мергим Војвода го доведе Комо во водство од 0:1.

За да потоа во вториот дел, наместо изедначување да следи нов шок за Јуве. Максим Кокере зголеми на 0:2, и веќе нештата за домаќинот заминаа во сериозно лош правец.

Се што потоа Јувентус направи не вроди со плод и Комо ги однесе трите бода. Со ова ЈУве е и натаму петти со 46 поени додека Комо е следен со поен помалку.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата