Коби Меино се врати на тренинзите на Јунајтед

7.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Коби Меино се врати на тренинзите на Јунајтед
FOTO MANCHESTER UNITED FACEBOOK

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Меино се врати на тренинзите на тимот по пауза од еден месец.

Ова го потврди за јавноста привремениот менаџер на тимот Дарен Флечер, кој ќе „шефува“ денеска на гостувањето на Јунајтед кај Барнли во рамките од новото коло во Премиер лигата. Мечот стартува од 21:15.

Меино не уживаше голема доверба кај сега веќе поранешниот менаџер Рубен Аморим, кој што му додели само 212 минути сезонава.

Флечер додаде дека Меино можеби ќе биде и дел од денешниот дуел.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата