Кладилниците пресметаа: Шансите Салах да си оди во јануари се 86%

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кладилниците пресметаа: Шансите Салах да си оди во јануари се 86%

По последните земјотреси во Ливерпул, светските кладилници вече почнаа со нудење на можноста да се обложите дека Мохамед Салах оваа зима ќе си оди од „Енфилд“. Ако им се верува на квотите кои се понудени, заминувањето на Египќанецот од Ливерпул се чини дека е „готова работа“.

Откако денеска с епојави веста дека ѕвездата на тимот нема да патува со клубот за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер, по одлуката на раководството и главниот тренер Арне Слот, излегоа новите квоти кај букмејкерите.

Британските обложувалници веруваат дека 33-годишниот Египќанец ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а коефициентот за оваа следна одлука во кариерата на Салах оди од 1,16. Процентуално, тоа значи дека 86% е веројатноста Салах од јануари да го гледаме во Саудиска Арабија.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата