Ајакс славеше со 2:0 против Аталанта на Елиф Елмас во второто коло од Конференциската лига, вечерва на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Домашните доминираа во голем дел од натпреварот и создадоа повеќе шанси, но Аталанта успеа да остане во игра до самата завршница. Сепак, резервистите Тулу Арокодаре и 16-годишниот талент Абделах Уазане ги постигнаа головите во финишот и му нанесоа прв пораз на италијанскиот тим во Лига фазата. Елмас беше стартер за Аталанта, но беше заменет во 80. минута.
Борац Бања Лука на Ерера и Шишковски славеше со 2:0 против финскиот КуПС. Стефан Савиќ во 29-тата минута постигна гол за водство на домашните, додека печат на триумфот стави Декет во 50. минута.
Голема победа обезбеди и сплитски Хајдук, кој со 0:1 славеше на гостувањето кај Тун.
- Ајакс – Аталанта 2-0
-
Монако – Фрајбург 3-0
-
Тун – Хајдук Сплит 0-1
-
Борац Бања Лука – КуПС 2-0
-
Брага – Гент 2-0
-
Мидтијаланд – Сент-Трујден 0-1
-
Орхус – Егнатија 1-1
-
Линколн Ред Импс – Твенте 1-4

