Фудбалерите на Борнмут ја совладаа екипата на Тотенхем со 1:0 во последниот натпревар од 14-тото коло од англиската Премиер лига.
Единствениот гол на натпреварот го постигна младиот стопер на Борнмут, Дин Хујсен во 17-тата минута. До крајот на натпреварот имаше голем број на шанси на двете страни, но втор гол не падна. Вреди да се напомене и дека во 72-та минута ВАР собата му поништи гол на Еванилсон и втор гол за Борнмут.
Со овој триумф Борнмут се наоѓа на 9-тата позиција на табелата со 21 бод, еден повеќе од Тотенхем кој се наоѓа на 10-тото место.
Во вториот натпревар кој се одигра вечерва екипата на Фулам славеше со 3:1 против екипата на Брајтон. Головите ги постигнаа Алекс Ивоби и Балеба, како и О’Рајли кој си постигна автогол.