Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен од неговото возило, нападнат, и ограбен од страна на неколку криминалци.
Ете тоа му се случи на Мохамед Фусеини, кој што при нападот останал без вредни предмети како Ролекс часовник вреден помеѓу 8000 и 14.000 евра. Според првите извештаји, криминалците најпрво планирале да му го одземат телефонот, но кога го виделе часовникот на процениле веднаш неговата вредност и нормално го одземале и него.
Да биде иронијата на целиот настан уште поголема, новото засилување на тимот на Ројал Унион, интернационалецот од Јужна Африка, Релебохиле Мокофенг бил веднаш зас Фусеини во тие моменти и бил сведок на случката. Останал прибран и со својот телефон успеал да сними дел од нападот.
Благодарение на тоа, полицијата веднаш реагирала и успеала да уапси неколку од напаѓачите.
При претрес на просториите каде што живееле дел од уапсените биле пронајдени украдени предмети.
Мохамед Усеини пак по прегледот во болница, било констатирано дека нема потешки повреди и си заминал дома.

