Хаос кај можниот ривал на Македонија: Скандал со наместени натпревари, обвинети се 47 лица!

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос кај можниот ривал на Македонија: Скандал со наместени натпревари, обвинети се 47 лица!

Хаос и тоа каков се случува во земјата чија репрезентација е можен ривал на Македонија во финалето од плеј – офот за пласман на СП 2026. Имено голем скандал со наместени натпревари го погоди чешкиот фудбал само неколку дена пред клучните натпревари за пласман на Светското првенство.
Чешката фудбалска асоцијација во вторник соопшти дека отворила 47 дисциплински случаи против играчи, судии, персонал и клубови.

Случајот првенствено се однесува на сомневања за поткуп и местење натпревари, а неколку од вклучените играчи се привремено суспендирани од играње натпревари.
“Сега ќе работиме понатаму на случајот и ќе ги планираме следните чекори. Фактот што успеавме да отвориме дисциплинска постапка истиот ден со полициската акција се должи на силната внатрешна работа и тесната соработка со полицијата“, изјави претседателот на етичкиот комитет, Мартин Хоб, според АП.

Според локалните медиуми, местењето натпревари можеби се случило во неколку од врвните лиги, како и во младинскиот фудбал.
Поголемиот дел од вклучените играчи се во пониските лиги, но на листата има и некои попрепознатливи имиња.
Поранешниот чешки репрезентативец Мартин Латка, кој играл за Славија Прага и Бирмингем, меѓу другите, е под истрага.
Чешката полиција спроведе координирани рации низ целата земја како дел од истрагата, а властите потврдија дека единицата за организиран криминал стои зад операцијата. Веста доаѓа само неколку дена пред средбата на чешката репрезентација со Ирска во плејофот за Светското првенство, која ќе се одржи во четврток во 20:45 часот.
Победникот од овој меч ќе се сретне со Македонија или Данска во финалето од плеј-офот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата