Ханси Флик: “Тој никако не е на продажба!“

10.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик: “Тој никако не е на продажба!“
ФОТО: FC Barselona/FB

Барселона наголемо се подготвува за наредната сезона. Откако во својата дебитантска сезона на клупата на каталонската гордост Ханси Флик освие се што се може, освен „ушлето“ во ЛШ, се чини дека во оваа 2025/26 приоритето на Барса ќе биде таму.

Тимот на Флик осетно се засили, има супер играчки кадар, некој и си замина, но нападот на Барса е страшен, тоа сите го признаваат.

Инаку деновиве од Премиерлигата пристигнаа две понуди за Феран Торес, и двете вредни околу 50 милиони евра.

И додека претседателот Хоан Лапорта и директорот Деко се двоумеле, самиот Флик ја разрешил целата ситуација со зборовите дека офанзивецот и тоа како му е потребен и дека тој никако не е на продажба. Посебно сега му треба откако се знае дека Роберт Левандовски поради повреда ќе пропушти неколку мечеви од стартот на сезоната.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата