Ханси Флик со важно предупредување до играчите на Барселона

12.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик со важно предупредување до играчите на Барселона
ФОТО: FC Barselona/FB

Иако засега нема потреба од никави забелешки, а најмалку критики, сепак Ханси Флик не сака неговите играчи ни за момент да помислат дека ќе имаат лесна работа на гостувањето кај Галатасарај. Токму затоа во пресрет на натпреварот со Барселона во Истанбул, реши многу сериозно да го предупреди тимот за тоа што ги очекува.

Како што објави каталонски СПОРТ, германскиот стручњак особено инсистираше на максимална концентрација, дисциплина и претпазливост за време на подготовката на натпреварот, свесен колку Галатасарај може да биде непријатен пред своите навивачи.
Флик им стави до знаење на своите играчи дека името на противникот не смее да влијае на нивниот пристап, бидејќи верува дека Барселона ќе мора да биде на многу високо ниво ако сака да постигне позитивен резултат. Пораката што ја испрати во соблекувалната беше доста импресивна.
„Овој натпревар не е полесен од оној против ПСЖ“, им рекол Флик на своите играчи, според информациите од СПОРТ.
Со таква реченица, тренерот на Барселона сакал да спречи какво било опуштање, но во исто време да ги подготви своите играчи за атмосферата што ги очекува во Истанбул.
Галатасарај традиционално е исклучително непријатен противник на својот стадион, каде што поддршката од трибините често го зголемува интензитетот на домашниот тим и создава притисок врз гостинските играчи.
Токму затоа Флик бара од своите играчи да бидат максимално фокусирани од првата минута и да не дозволат домаќинот да ги направи нервозни со почетниот притисок.
Барселона влегува во мечот како голем европски клуб и тим од кој се очекува победа, но Флик очигледно не сака тој статус во соблекувалната да се толкува како гаранција дека работата ќе биде лесна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата