Ханси Флик: “Отказот на Чаби Алонсо нема никаква врска со мене!“

14.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ханси Флик: “Отказот на Чаби Алонсо нема никаква врска со мене!“
ФОТО: FC Barselona/FB

Јасно е дека отказот на Чаби Алонсо во Реал Мадрид и натаму е топ – тема во фудбалските кругови. Јасно е дека тоа беше и топ – тема на денешната прес – конференција на Ханси Флик, стратегот на Барселона кој покрај другото го искоментира и тоа:

Отказот на Алонсо е дел од фудбалот и нема никаква врска со мене. Можам да кажам дека имам добар однос со Чаби, кого го познавам од Баер Леверкузен и со кого имавме контакт. Ова е фудбал и му посакувам се најдобро. Сигурно наскоро ќе има голем проект за него и неговиот персонал. Фудбалот е таков и тој мора да продолжи понатаму, но тој е одличен тренер и има светла иднина. Отпуштањето е дел од фудбалот и не можеме да го промениме. Клубот мора да верува во тебе, како и тимот. Оние што ги носат одлуките мора да го сторат тоа. Мадрид го направи тоа, но мене не ме засегапосочи Германецот и дополни: “Тренерскиот занает е многу комплициран, со многу одговорности, но на крајот на краиштата тоа е дел од нашата професија и мора да живееме со тоа. Никогаш не знаете што ќе се случи на крајот. Работите се менуваат, може да се случи тоа и тука кај нас во Барселона. Фудбалот зависи од победите, а во главните лиги тоа е уште поизразено“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата