Хаман: Вирц нема да успее во Ливерпул, најдобро да си оди на лето

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаман: Вирц нема да успее во Ливерпул, најдобро да си оди на лето
фото: FlorianFlicks @FlorianFocus (X)

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Германеот Диди Хаман, ги анализираше досегашните перформанси на Флоријан Вирц во дресот на „црвените“ и истакна дека тој нема да успее во Ливерпул. Според Хаман, можеби најдобро и за двете страни е Германецот да си замине на лето, а како реална опција за неговата иднина го гледа Реал Мадрид.

„Веќе е Божиќ, а тој сè уште не постигнал гол. Ги видов речиси сите негови натпревари. Неговите најдобри настапи беа во Лигата на шампионите, каде што фудбалот е малку поинаков. Не е толку френетично, брзо или физички оптоварено. Прашање е: Колку долго Ливерпул ќе чека? Клубот засега го штити, но нешто мора да се случи. Ако работите продолжат вака до февруари или март, тогаш треба да се донесе одлука што да се прави на лето. Не можете да задржите играч кој чини 140 милиони, играч кој е потпишан, иако е млад, надевајќи се дека ситуацијата ќе се промени. Не се променила. Нема ништо што можете да направите“, смета Хаман.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата