Халанд го одбра својот омилен гол сезонава во ПЛ! (ВИДЕО)

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд го одбра својот омилен гол сезонава во ПЛ! (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд, “бомбардерот“ на Сити во својата прва сезона во ПЛ просто ги “тероризираше“ противнички голмани. Тој засега успеа да постигне 36 голови, бројка која го прави рекордер во историјата на Премиерлигата.

Инаку Халанд деновиве го одбра својот омилен гол сезонава во ПЛ, а тоа да ти бил голот против Саутемптон кога Сити победи со 1:4 како гостин.

Меч од 30.коло кога Халанд центаршутот на Грилиш го претвори со гол со ножички за 0:3.

Ножичките против Саутемптон беа нешто посебно, зарем не?“ посочи напаѓачот од Норвешка.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата