Хајденхајм покажа „заби“, но Борусија успеа да победи

13.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хајденхајм покажа „заби“, но Борусија успеа да победи
ФОТО: Твитер/Борусија Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд славеше со 4:2 против Хајденхајм на првиот меч од 3.коло во Бундес лигата. „Милионерите“ ја запишаа втората победа (имаат и едно реми) сезонава, а уште по 17 минути имаа предност од 2:0. Мален и Адејеми стрелаа во мрежата на гостите кои, сепак, пружија достоен отпор на овој меч. Намалија во 39 минута преку Пирингер, а само две минути подоцна Адејеми повторно ја носи Борусија на три разлика.

Во вториот дел, во 66 минута голот на Сабицер беше поништен поради офсајд, а во 74 минута гостите од пенал преку Бреуниг намалија на 3:2. Во последните секунди од мечот судијата по консултација со ВАР покажа пенал поради игра со рака на противнички играч во сопствениот шеснаесетник, а пеналот во победа од 4:2 го претвори Емре Џан.

Интересно, ова беа единствените два тима кои до пред ова коло немаа примено гол.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата