Керик: Ние имаме еден капитен – Бруно Фернандеш!

29.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Керик: Ние имаме еден капитен – Бруно Фернандеш!
фото: Manchester United (X)

Мајкл Керик потврди дека Бруно Фернандеш ќе ја задржи капитенската лента на Манчестер јунајтед, и покрај несогласувањата што се појавија меѓу нив по серијата лоши резултати на англискиот гигант.

Португалскиот играч од средниот ред претходно јавно ја критикуваше тактиката на тимот по поразот од Комо со 4:1 во Лигата на шампионите. Потоа, во дуелот со Борнмут во Премиер-лигата, кој Јунајтед го загуби со 0:3, Фернандеш целиот натпревар го проследи од клупата за резервни фудбалери.

По разговорот што двајцата го имале во клупската база, Керик порача дека нема причина да се менува капитенот и нагласи дека Фернандеш останува важен дел од тимот.

„Тој многу години беше одличен лидер на оваа екипа и ќе продолжи да биде таков. Сите разбираме дека нешто мора да се промени и ситуацијата да ја насочиме во вистинска насока“, порача Керик.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата