Некои работи остануваат во вечноста како оној натпревар во Тбилиси во ноември 2020 година, кога Македонија испиша историја. Кога во финалето од плеј – офот ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП 2021, а на тој меч главен судија беше Ентони Тејлор. Англичанецот уште неколку пати ни судеше, но остана во меморијата поради тие 0:1 во Тбилиси.
Ова го спомнуваме поради фактот дека Тејлор денеска објави дека заминува во пензија.
47- годишниот Тејлор, ја заврши својата кариера по повеќе од две децении и 831 натпревар. Неговиот последен натпревар беше осминафиналето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Португалија. Тејлор судеше во Премиер лигата 16 сезони, беше главен судија на 432 натпревари од највисоката лига, покрај финалето на Лигата на шампионите во 2024 година помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
„Судењето на највисоко ниво беше огромна привилегија, но притисокот е интензивен, а контролата е постојана“, рече Тејлор во соопштението.
„Сега е време да се повлечам и да се радувам на следното поглавје од мојата кариера.Би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност до моите двајца асистенти Гери и Адам, моите колеги судии и сите поврзани со играта за целата нивна поддршка во текот на годините. Најважно од сè, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство и пријателите за нивната непоколеблива поддршка во текот на огромните жртви што ги бараше оваа кариера“, додаде тој.

