Казахстанците демантираат: Не е точно дека Черчесов ќе биде сменет

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Казахстанците демантираат: Не е точно дека Черчесов ќе биде сменет

По информациите дека Казахстан на квалификациските средби со Македонија за пласман на СП 2026 идната година ќе има нов селектор, се огласи Казахстанската федерација. Во соопштението до јавноста се вели дека информациите за заминувањето на казахстанскиот селектор Станислав Черчесов не соодветствуваат со реалноста.

„Станислав Черчесов е селектор на репрезентацијата и има важечки договор со Казахстанската фудбалска федерација. Прес-службата на КФФ апелира да им верувате само на официјални извори и да ги следите сите информации на веб-страницата на федерацијата, како и на нашите страници на социјалните мрежи“, велат од КФФ.

Македонија првиот меч со Казахстан во квалификациите за СП 2026 ќе го одигра на 9 јуни и тоа на гостински терен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата