Карсли призна: Англија заслужува тренер од светска класа

14.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карсли призна: Англија заслужува тренер од светска класа

Привремениот англиски селектор Ли Карсли по победата над Финска (3:1) во Лигата на нации откри дека не се гледа себеси како трајно решение за клупата на оваа репрезентација.

„Мислам дека оваа работа заслужува тренер од светска класа, кој освоил трофеи и поминал многу. Сè уште сум на пат да направам нешто такво“, рече тој на прес-конференцијата.

Карсли ја презеде Англија по заминувањето на Герет Саутгејт по овогодинешното Европско првенство. Тогаш веднаш беше објавено дека планот е Карсли, Ирецот кој претходно ја водеше селекцијата на Англија до 21 година, наесен да ја води репрезентацијата во циклусите на Лигата на нации, додека не се најде трајно решение.

Карсли во досегашниот тек од сезоната одигра четири натпревари во Б Лигата на нации, со три победи (две над Финска и една над Ирска) и изненадувачки пораз на домашен терен против Грција оваа недела.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата