Тимот на Манчестер Јунајтед вчера во рамките од новото Премиер лига коло на свој терен не успеа да обезбеди победа во ремито 1:1 против тимот на Тотенхем. Стандардно Јунајтед се мачеше во текот на сите деведесет минути, но ете во еден момент, успеа да реализира и да дојде во водство.Мбеумо во 73. минута погоди за водство но наместо триумф се случи повторно крах во финишот.
Соланке во втората минута од продолжението на мечот израмни на 1:1, и ги остави домашните во шок.
Менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик нормално разочаран од она што се случи на јавноста и го сподели своето мислење со посебен дел посочен кон навивачите.
„Беше нестабилен натпревар. На почетокот ни беше тешко. Од повеќе причини не бевме целосно фокусирани. Но, момците влегоа во ритам и во второто полувреме бевме подобри во секој аспект. Кога ќе ја составите играта онака како што сакате и сте во толку добра позиција, мора има резултат. Мора да се справиме со овие ситуации. Ова се два доцни гола што ни нанесоа штета и работите сега изгледаат сосема поинаку. Тоа е реалноста“, рече Карик па додаде.
„Не е пријатно, многу боли бидејќи ми е грижа за овој клуб. Сепак, го разбирам разочарувањето, реалноста е таква каква што е треба да се вратиме на победничките натпревари“, заклучи менаџерот на „Црвените ѓаволи“.

