Карагер: Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

21.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карагер: Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Поранешната ѕвезда на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека првата ѕвезда на „црвените“ Мохамед Салах ќе потпише нов договор со клубот. Договорот на египетскиот напаѓач истекува на крајот од сезоната, но според поранешниот дефанзивец, Салах и понатаму ќе остане во клубот.

Салах го постигна својот 163. гол во Премиер лигата во победата над Челзи, израмнувајќи се со Џермејн Дефо. Тоа исто така значи дека тој сега е на еден гол зад легендата на Ливерпул, Роби Фаулер и 13 зад Тиери Анри.

Според Карагер, една од причините за останувањето на Салах на „Енфилд“ е неговата потрага по рекорди.

„На крајот на сезоната тој ќе ги лови рекордите на Тиери Анри (175) и Френк Лампард (177). Мислам дека ваквата статистика ќе биде една од причините Салах да потпише нов договор со Ливерпул“, изјави Карагер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата