Калафиори ја посочи слабоста на Италија во моментов

15.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Калафиори ја посочи слабоста на Италија во моментов

Дефанзивецот на Италија, Рикардо Калафиори е убеден дека во Лигата на нации тимот покажа сосема поинаква игра во однос на разочарувачкиот настап на Европското првенство во Германија. Тој објасни и зошто сака да биде вклучен во нападите на Аѕурите.

Сега сме сосема поинаков тим во однос на Евро 2024. Тоа се покажува во начинот на кој доминираме во играта, и мораме да продолжиме. Веќе заборавивме на се што се случи на Европското првенство и го користиме како мотивација за подобро во иднина. Во модерниот фудбал, дури и одбранбените играчи треба да бидат вклучени во градењето на играта, а не само да бидат потпорни точки.

Значи, токму тоа се обидувам да го направам, но без да заборавам дека пред се сум дефанзивец. Навистина уживам во мојот фудбал, давајќи му на тимот дополнителна опција во нападот. Знам дека можам да станам уште подобар. Мојата цел е да сфатам како и да напаѓам и да се бранам на високо ниво“, прокоментира Калафиори по убедливата победа од 4-1 над Израел.

Дефанзивецот на Арсенал исто така истакна во кој аспект Италија треба да се подобри, и во што Премиер лигата се разликува од Серија А.

Треба да ја подобриме играта на прекини бидејќи е јасно дека често примаме голови од нив. Не знам дали сме неорганизирани или расеани, но тоа е единствената слабост во нашата игра во моментов, па мора да работиме за да го поправиме.

Во Премиер лигата има поголем интензитет од Серија А и секој натпревар е жесток, дури и против помалите тимови. Ако немате предност од два гола, не сте сигурни. Интензитетот е клучен и се обидувам да го донесам во репрезентацијата за да можам да им помогнам на моите соиграчи“, додаде тој.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата