Јувентус му понудил на Манчестер Јунајтед сума од 10 милиони евра + 5 милиони евра како бонуси за потписот на Џејдон Санчо. Торинскиот клуб продолжува да го следи 25-годишниот крилен напаѓач, но засега нема конкретни информации за текот на преговорите.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Јуве му понудил на Манчестер Јунајтед 10 милиони евра, кои не ги задоволуваат барањата на „црвените ѓаволи“, но со бонусите би можело да се наде и причина за преговори.
Џејдон ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи, постигнувајќи пет гола и имајќи десет асистенции во 42 настапи во сите натпреварувања за „сините“.