Јувентус целосно ќе ги откупи правата на Франциско Консеисао до крајот на календарската година, пренесува „Газета дело Спорт“. Португалецот беше потпишан на позајмица од Порто летото и иако првично немаше откупна клаузула во договорот, двата клуба постигнаа џентлменски договор трансферот да биде перманентен за 30 милиони евра. Јуве веќе плати 7 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната.
Консеикао, кој на 14 декември ќе наполни 22 години, има два гола и пет асистенции во досегашните 13 настапи за Јувентус во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Португалија веќе запиша осум натпревари и еден гол.