Јувентус го врати голманот кој бранеше во Торино пред 9 години

28.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус го врати голманот кој бранеше во Торино пред 9 години

Јувентус официјално го потврди ангажманот на бразилскиот голман Нето, кој се враќа во Торино по девет години. Искусниот 37-годишен чувар на мрежата потпиша договор со „Старата дама“ до 30 јуни 2027 година.

Нето веќе го носеше дресот на Јувентус од 2015 до 2017 година, период во кој забележа 22 настапи и освои две титули во Серија А, два Купа на Италија и еден Суперкуп на Италија.

Бразилецот доаѓа како слободен играч, откако летово го напушти Ботафого. Претходно настапуваше и за Барселона, Арсенал и Борнмут. Неговото враќање е поврзано со проблемите на Јувентус на голманската позиција. Камил Грабара, кој летово пристигна од Волфсбург, заработи тешка повреда на коленото, поради која ќе биде подолго време надвор од терените.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата