Јувентус го доби големото италијанско дерби (ВИДЕО)

16.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус го доби големото италијанско дерби (ВИДЕО)

Вечерва во Торино се одигра големото дерби на италијанскиот фудбал, помеѓу екипите на Јувентус и Интер. Истото го доби домаќинот, Јувентус со конечни 1:0. Победничкиот погодок е дело на Франциско Концеисао кој реализираше во  74. минута од мечот.
Во првиот дел Интер имаше повеќе од играта и создаде повеќе шанси но не ги реализираше. Во продолежнието, домаќинот се консолидираше, особено во одбраната, не дозволи никаква опасност да му пријде на голманот Ди Грегорио, а на спротивната страна, едноставно една ситуација добро беше реализирана од страна на португалецот.

Со оваа победа Јувентус стигна до 46. бод сезонава, и четвртата позиција на табелата. Од друга страна пак, Интер направи чекор назад во обидот да ја освои титулата сезонава откако со овој пораз има два бода помалку од лидерот Наполи кој има 56 бодови во моментов.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата