Јувентус ги расчисти дилемите – нама тргне по дефанзивецот на Ал Хилал

4.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус ги расчисти дилемите – нама тргне по дефанзивецот на Ал Хилал

Јувентус нема интерес за дефанзивецот на Ал Хилал, Калиду Кулибали. 33-годишниот Сенегалец и бил понуден на „Старата дама“ од неговиот агент Фали Рамадани, но оттаму одбиле да дадат понуда за него, тврди „Калчомеркато“.

Јуве треба да ја засили одбраната по повредата на Бремер и разгледува различни опции за доведување на нов играч во таа област. Кулибали долго време му се додворуваше на Јувентус додека го носеше тимот на Наполи, но интересот за него веќе се олади поради неговата напредна возраст. Новата политика на „Старата дама“ е да привлекува млади и перспективни играчи да се развиваат.

Така, последните информации тврдат дека Јувентус ќе ги насочи напорите кон привлекување на Антонио Силва од Бенфика. Според „Газета дело спорт“, двата клуба веќе преговараат, но се уште се далеку од договор. Проблемот е што „старата дама“ сака да го земе 21-годишниот играч на позајмица, додека „лисабонските орли“ инсистираат на целосна продажба.

И покрај се, преговорите меѓу двата клуба продолжуваат, а агентот на играчот Мендеш се обидува да помогне да се заврши зделката. Во исто време, сепак, Јуве разгледува други опции за зајакнување на одбраната, бидејќи клубот испрати скаути да го гледаат дефанзивецот на Феенорд, Давид Ханцко.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата