Јувентус е подготвен да му плати на Влаховиќ само да си оди!

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус е подготвен да му плати на Влаховиќ само да си оди!

Италијанските медиуми објавија дека Јувентус е подготвен да се ослободи од Душан Влаховиќ и ќе му понуди раскинување на договорот. Ова лето, клубот од Торино активно бара начин да се ослободи од српскиот напаѓач, кој повеќе не е дел од плановите на тренерот Игор Тудор за сезоната 2025/26.

Договорот на Влаховиќ со Јувентус е до летото 2026 година, што значи дека би можел да замине следното лето без надомест. Влаховиќ е еден од најплатените играчи во Серија А, а според постојниот договор, неговата плата дополнително се зголемува во последната година од договорот.

Ла Газета дело Спорт неодамна објави дека Влаховиќ е подготвен да ја пропушти целата сезона 2025/26, со цел да се обезбеди исплата на договорената плата, што би му овозможило да замине следната година без надомест.

Најновите информации од вторник потврдуваат дека Влаховиќ не е подготвен за намалување на платата, ниту пак се согласува на продолжување на договорот со цел да се намали товарот врз касата на клубот поради 12 милиони евра нето што му се должат во последната година.

Според Џанлука Ди Марцио, Јувентус ќе предложи опција за спогодбено раскинување на договорот на состанокот со претставниците на Влаховиќ во наредните денови. Влаховиќ постигна 58 гола и асистираше 14 пати во 145 натпревари за Јувентус. Тој пристигна во Јувентус за 83,5 милиони евра од Фиорентина во јануари 2022 година. Според Трансфермаркт, тој вреди 35 милиони евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата