Јувентус вечерва ја објави оставката на Кристијан Џунтоли од функцијата спортски директор на клубот. Тимот од Торино објави раскинување на договорот со 53-годишниот италијански менаџер со меѓусебен договор.
„Одлуката е донесена по заедничка проценка на идните перспективи и меѓусебните потреби“, се вели во соопштението на Јувентус .
„Бјанконерите“ го назначија Џунтоли на функцијата во јули 2023 година. Претходно тој работеше во Наполи, Карпи и Специја, но во Јувентус не успеа да направи шампионски состав.