Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

17.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јуве шокиран на Сардинија, Каљари слави

Во 21-то коло од италијанската Серија А, тимот на Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Каљари, со 1:0 (0:0).

Одлучувачкиот момент на мечот беше 65-тата минута кога Лука Мацители го постигна голот кој подоцна се покажа и како решавачки на мечот. Гаетано центаршутираше од слободен удар, Мацители се појави на вистинското место и шутираше директно во долниот десен агол за 1:0!

Јуве продолжи со нападите, но до крајот никако не успеа да најде ситуација за израмнување.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата