Јунајтед подготви 100.000.000 за „бисерот“ на Бенфика?

3.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јунајтед подготви 100.000.000 за „бисерот“ на Бенфика?

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за супер талентираниот фудбалер на Бенфика Жоао Невеш.

Клубот од „Олд Трафорд“ наводно, според португалските медиуми, е подготвен да потроши дури 100.000.000 евра за него.

Бенфика бара уште 20.000.000 и ќе се обиде да ги добие тие пари од Јунајтед.

Невеш има само 19 години и веќе е меѓу најдобрите фудбалери на Бенфика. Во март играше за А репрезентацијата на Португалија против Шведска и Словенија.

Станува збор за играч од средниот ред, чие евентуално доаѓање во Манчестер би било голем залог за иднината на Јунајтед.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата