Јапонец кој до лани играл во Албанија е најдобар стрелец во првиот дел од сезоната 2024/25

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонец кој до лани играл во Албанија е најдобар стрелец во првиот дел од сезоната 2024/25

27-годишниот јапонски напаѓач Томојуки Дои е најдобриот стрелец во светот за првата половина од натпреварувачката сезона 2024/25. Дои кои настапува за сингапурскиот премиерлигаш Гејланг на 20 натпревари во тековната сезона успеал да постигна фантастични 33 гола.

Јапонецот кој до пред само една година играл во соседна Албанија за екипата на Билиш, оваа сезона едноставно „експлодирал“ во сингапурскиот шампионат. На второто место на оваа листа на најдобри стрелци за 2024/25 во сите светски лиги е 33-годишниот Бразилец бергсон кој го носи дресот на малезискиот прволигаш Јохор. Тој има 21 гол на 14 одиграни натпревари.

Третото место на оваа листа е за неверојатниот напаѓач на Спортинг од Лисабон, Швеѓанецот Виктор Ѓокерес, кој на 15 меча за лисабончани веќе постигна 18 гола. Левандовски од Барса со 16 гола е на 6. место, а Салах од Ливерпул со 15 гола е на 10. место.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата