Јамал за историја: 14 гола во ЛШ, соборен рекордот на Мбапе

3.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал за историја: 14 гола во ЛШ, соборен рекордот на Мбапе
фото: Barcelona FC (X)

Ламин Јамал испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите. 19-годишниот фудбалер на Барселона стигна до 14 голови во елитното европско натпреварување, со што го надмина досегашниот рекорд на Килијан Мбапе меѓу тинејџерите, кој изнесуваше 13 погодоци.

Јамал го постигна историскиот гол во седмата минута од натпреварот против Астон Вила, во четвртото коло од лигашката фаза. Со тоа, младиот шпански репрезентативец стана најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите кога станува збор за фудбалери кои сè уште немаат наполнето 20 години.

Интересно е што Јамал до ова достигнување стигна по 37 натпревари, додека Мбапе своите 13 гола ги постигна на 23 средби.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата