Јамал не се појави на последниот тренинг пред утрешниот меч во Супер – Купот!

6.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал не се појави на последниот тренинг пред утрешниот меч во Супер – Купот!
ФОТО: FC Barselona/X

Што се случува во таборот на Барселона? Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Ламине Јамал го прескокнал последниот тренинг во Џеда пред утрешниот полуфинален меч од Супер – купот против Билбао. Младата ѕвезда на Барса работел само во теретана, но не и со останатите свои играчи на терен.

Нема ништо официјално од таборот на каталонската гордост. Инаку вака беше и пред мечот со Еспањол, Јамал и пред тој меч го пропушти последниот тренинг, но сепак настапи на таа средба.

За разлика од него на тренингот се појави Роналд Араухо и го одработи во целост. Дакли уругвајскиот дефанзивец ќе настапи утре против Билбао, останува да се види.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата