Ламин Јамал на стартот на оваа сезона имаше проблеми, но сега се враќа во својата препознатлива форма. Младиот шпанец сезонава постигна веќе 13 гола на 28 натпревари и стигна до бројката од 38 погодоци за Барса. Со оглед на неговата возраст тоа е искличително достигнување, а доколку остане подолг период во клубот, како што е и планот бројките можат да бидат фантастични.
Од друга страна пак со овие голови значат и израмнување на Јамал со легендарниот Марадона, кој што постигна исто толку голови во дресот на каталонскиот гигант. И тоа за нешто повалку од три сезони што за млад играч на така високо ниво воопшто не е лесно.
Барса откако се врати на Ноу Камп изгледа далеку посигурно во игрите, а тоа се чувствува и кај самиот Јамал.

