Изјавата на денот доаѓа од Србија: Ако Гвардиола не победи во финалето во ЛШ тогаш јас сум новиот тренер на Сити!

7.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изјавата на денот доаѓа од Србија: Ако Гвардиола не победи во финалето во ЛШ тогаш јас сум новиот тренер на Сити!

Урнебесно или не? Или ако не те знаат доволно во фудбалскиот свет тогаш “тропни“ нешто и секако дека ќе бидеш познат.

Па така изјавата на денот ја има некој си Славољуб Ѓорѓевиќ, инаку тренер на Радник Сурдулица кој со неговиот клуб успеа да победи во баражот и повторно овој тим ќе игра во Суперлигата.

А откако се заврши добро за него и неговиот тим, тој Ѓорѓевиќ истакна, се разбира во шега:

Видете, сега се зависи од Пеп Гвардиола. Ако во сабота не ја освои Лигата на Шампионите тогаш јас сум новиот тренер на Манчестер Сити“ изјави тој и остана жив.

Дали на ова Пеп ќе реплицира или не?


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата