Изјава на денот: “Нас не ни треба Пеп Гвардиола за тренер на Партизан, ни треба….“!

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изјава на денот: “Нас не ни треба Пеп Гвардиола за тренер на Партизан, ни треба….“!

Денеска и официјално Предраг Мијатовиќ беше претставен како член на новото раководство на Партизан. Некогашната мега – ѕвезда на Реал Мадрид, одреден период беше и спортски директор на “кралевите“ пред новинарите, покрај другото, даде и интересна изјава во врска со стручниот штаб на “црно – белите“.

Изјава која го “потресе“ Балканот, сакајќи на тој начин да му даде поддршка на актуелниот стратег Саво Милошевиќ, со кого заедно играа за СР Југославија на СП во Франција во таа 1998 година:

Нас не ни треба Пеп Гвардиола за тренер на Партизан. Нас ни треба Саво Милошевиќ. Саво и да не беше тука, јас ќе инсистирав да дојде на клупата на Партизан“ посочи Мијатовиќ.

Се разбира дека ова е изјава на денот. Кој како сака нека си ја сфати.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата