Италијанците загубија уште едно финале, “Чеканите“ со пехарот во Лигата на Конференции! (ВИДЕО)

7.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанците загубија уште едно финале, “Чеканите“ со пехарот во Лигата на Конференции! (ВИДЕО)

Со голот на Боувен во 90.минута екипата на Вест Хем успеа да ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето на Лигата на Конференции одиграно во Прага.

Интересно во секој случај и големо финале. Можеби Фиоерентина заслужи да победи, имаше повеќе од играта, повеќе шанси, но сепак Вест Хем слави трофеј. Ова значи дека Италијаните, по она на Рома во ЛЕ, загубија уште едно финале и им останува само уште Интер во сабота во финалето во ЛШ.

Вест Хем поведе од пенал откако Бираги играше со рака во 62.минута а Бенрама успеа да погоди од пенал. Неколку минути подоцна Бонавентура постигна прекрасен гол за 1:1, тоа се случи во 67.минута.

И кога се чинеше дека ова финале ќе оди во продолженија, а можеби и во пенал – серија, Боувен се најде очи во очи со голманот на Фиорентина и рутински ја затресе мрежата за победа од 2:1 и за освојување на пехарот во Лигата на Конференции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата