Италијанците го молеле Раниери да стане селектор, искусниот стратег дециден дека оди во пензија

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанците го молеле Раниери да стане селектор, искусниот стратег дециден дека оди во пензија
фото: AC Roma (X)

Клаудио Раниери нема да биде следниот селектор на италијанската репрезентација. По разговорите што искусниот стратег ги имал вчера со првите луѓе на Италијанската федерација, станало јасно дека Раниери е цврсто решен да оди во пензија и ништо не може да го разубеди во таа негова одлука.

Од Италијанската федерација му предложиле да биде селектор само до крајот на овој квалификациски циклус, па потоа да ја добие функцијата технички директор на италијанските национални тимови, но Раниери бил дециден дека не сака повеќе да биде активен на фудбалските терени.

Потрагата на Италијанската фудбалска федерација по наследник на Лучијано Спалети, кој ја заврши својата авантура на чело на националниот тим со победа од 2-0 над Молдавија вчера, продолжува, освен ако не се случи сензационален пресврт, па Спалети да остане до крај на овие квалификации. Првото име на списокот во овој момент останува Стефано Пиоли.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата