Делегадијата на Фудбалската федерација на Иран сепак утре ќе присуствува на ждрепката на групите од претстојниот Мундијал 2026 година во САД, Мекико и Канада.
Истата ќе се одржи во САД секако, а иранската делегација испрати барање за девет визи, но доби одобрение за четири. Токму затоа првично одлучи да ја бојкорита ждрепката, но потоа очигледно ретерираше во ставовите. Конкретно, не му беше одобрена виза на претседателот на Федерацијата, Мехди Тај.
Првично неделава беше објавено дека никој нема да присуствува, ако не им биде одобрен влез на сите членови на делегацијата, што доведе до директни разговори со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Па така, на крајот е најдено решение да присуствува селекторот Амир Галенои, како и шефот на меѓународните односно на ФФИРИ Омид Џамали.

