Инзаги: Важно е дека победивме, ама не смееме да примаме толку голови

6.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инзаги: Важно е дека победивме, ама не смееме да примаме толку голови

Реакцијата на Интер по поразот од Милан беше добра – фудбалерите на Симоне Инзаги врзаа три победи во сите конкуренции, а во седмото коло во Серија А го победија Торино со 3:2. Мечот го одбележа хет-трик на Маркус Турам.
Забележавме три победи за седум дена. Реакцијата по поразот од Милан беше добра. Меѓутоа, мораме да подобриме некои сегменти во играта – претходните денови работевме на детали, момците имаат добар пристап. Торино не се предаваше, ние направивме многу шанси, а и нивниот голман беше одличен. Не бевме прецизни во завршницата, меѓутоа победивме и не можам да се пожалам“, изјави Инзаги.

Интер во ЛШ на два меча не прими гол, но во Серија А ситуацијата е поинаква – нивната мрежа се „тресела“ девет пати.
Работиме на тоа. Момците се трудат, вредни се и пробуваме да го подобриме тој сегмент на играта. Против Удинезе и Торино примивме по два гола, сепак, успеавме да победиме“, додаде тренерот на Интер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата