Инзаги по победата над Сити: Моравме да се искачиме на Еверест без кислород!

1.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инзаги по победата над Сити: Моравме да се искачиме на Еверест без кислород!

Најголемата сензација во досегашниот дел од Светското клупско првенство во САД, секако дека ја направи Ал-Хилал со победата над Манчестер Сити, со кој тимот од Саудиска Арабија се пласира во четвртфиналето а “граѓаните“ на Пеп Гвардиола си одат дома.

Секако дека голема беше радоста и еуфоријата во тимот на новиот стратег Симоне Инзаги, кој ете успеа да го победи Пеп.

Италијанецот по мечот не го криеше своето воодушевување:

Знаевме дека мора да направиме нешто извонредно за да го победиме Манчестер Сити и токму тоа го направија момците вечерва, момците беа едноставно неверојатни. Моравме да бидеме извонредни, сите знаеме каков тим е Сити. Затоа моравме да се искачиме на Еверест без кислород за да победиме и го направивме тоа. Бевме одлични. Сите играчи беа извонредни во сè. Ова е ноќ за уживање во ова достигнување. Заедно сме само три недели и можете да го видите нивото на посветеност, тие навистина вложија труд. Како тренер, секако е многу задоволувачко.“ заклучи Инзаги.

ФОТО: ФЦ Ал-Хилал/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата