Интересно: Јамал ја сака “десетката“ на Марадона!(ФОТО)

28.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интересно: Јамал ја сака “десетката“ на Марадона!(ФОТО)

Иако во неколку наврати истакнувал дека за него Лео Меси е најголемиот во историјата на фудбалот, денеска Ламине Јамал на својот Инстаграм профил објави слика со Марадона во дресот на Барселона со бр.10.

Секако дека Диего беше во Барселона, во свое време беше и мега – ѕвезда на каталонската гордост, но ни од далеку тој не и даде на Барса она што Меси и го даде.

Што е ова?

Секако дека само тој си знае.

Инаку Барса објави дека “десетката“ за следната сезона ќе биде на Јамал, а се тоа, заедно со потпишувањето на новиот договор, ќе се случи на 13 јули кога младата мега – ѕвезда на светскиот фудбал ќе наполни 18 години.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата